Убедена дека изговара правилни зборови: Уште еден хит со измислен текст

Точка

11/11/2019

18:45

1.714

Големина на фонт

а а а

Интернетот е преполн со снимки од луѓе кои неоправдано се уверени дека знаат да пејат, но некои “изведувачи“ се толку лоши што стануваат ѕвезди токму поради тоа.

Најновиот пример за тоа е снимката на девојка која под уметничко име Присцила Бон Џови се претставила во шоуто на бразилскиот комичар Сикер Џуниор, пеејќи ја својата верзија на песната „Total Eclipse of the Heart“.

Снимката за еден ден ја прегледале повеќе од 9 милиони луѓе, а тешко е да се опише како звучи тоа - едноставно мора да се слушне. Ако се сеќавате на Бугарката Валентина Хасан, која стана хит откако ја измени песната на Мараја Кери во „Ken Lee“ - на добар пат сте.

Бразилката ја испеала песната користејќи измислени зборови, а според неговиот израз на лицето, таа го шокирала и самиот водител.

Снимката на Фејсбук е споделена 117 илјади пати. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг