На компанијата Фејсбук ја “тресе“ расистички скандал: “Ужасни се кон нас затоа што не сме белци!“

Точка

11/11/2019

18:00

1.916

Големина на фонт

а а а

Најголемата социјална мрежа на светот морала да упати извинување поради жалбите на анонимни вработени во нивната компанија.

Фејсбук морал да упати јавно извинување откако на страницата “Medium“ се појавила анонимна порака од личност со корисничко име “FB Blind“ за начинот на кој менаџерите, колегите белци и одделот за човекови ресурси на оваа огромна компанија ги третираат вработените кои се од црната раса.

Пораката дошла од група луѓе припадници на црната раса кои се вработени во Фејсбук, кои како што опишале тие се честа мета на погрдни коментари и неправедни критики во врска со работата.


„Тажни сме. Бесни. Во депресија. Секојдневно ни приредуваат помалку и повеќе агресивни ситуации за да ни дадат до знаење дека не припаѓаме тука“ – стои во пораката и додаваат дека ситуацијата се влошила минатата година кога почнале да се фаворизираат “белите колеги“ и да се изразува расната дискриминација.

„Проблемот не е само со вработените од црната раса туку и со нивниот пол. Ќе останеме анонимни затоа што Фејсбук создава непријателска култура кон секој кој не е белец, а поради тоа тие луѓе се плашат за нивната безбедност и губење на работното место доколку пријавите некакво лошо однесување“.


Од компанијата Фејсбук веднаш се огласиле и упатиле јавно извинување:

„Никој во Фејсбук или пак било каде на друго место не би требало да трпи вакво однесување. Жал ни е. Таквите начела се против сè она за кое оваа компанија се бори. Слушаме и напорно работиме на тоа да бидеме подобри“ – заклучила претседателката на комуникации Берти Томсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг