Полицијата ги идентификува сите жртви од камионот на смртта

Макфакс

08/11/2019

20:13

856

Големина на фонт

а а а

Полицијата ги идентификува сите жртви од камионот на смртта, во кој беа пронајдени 39 тела на мигранти од Виетнам на 23 октомври годинава. Во камионот ладилник, кој беше откриен во Есекс, во близина на Лондон, имало тела и на десет тинејџери. Идентификацијата ја извршија британските васти во соработка со виетнамската полиција.

„Наш приоритет беше да ги идентификуваме жртвите, да го сочуваме достоинството на оние што го загубиле животот и да ги поддржиме семејствата и пријателите“, изјавија од британската полиција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг