Австрија поведе обвинение против офицер кој 25 години шпионирал за Русија

Макфакс

08/11/2019

20:11

1.539

Големина на фонт

а а а

Австриското обвинителство пред покраинскиот суд во Салцбург поведе обвинение против 71-годишен пензиониран офицер на австриската војска поради шпионажа. Тој е обвинет дека 25 години шпионирал за руската воена разузнавачка служба.

Полковникот во пензија е обвинет за дејствување во корист на странска разузнавачка служба на штета на Австрија, како и издавање државни и воено-разузнавачки тајни. Тој за време на своето дејствување издавал тајни за вооружените воени системи, задачи и структури за одбрана на земјата. За својата шпионска активност добил повеќе стотина илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг