Повеќе од десет години откако едно од најпознатите семејства ги отвори вратите од својот дом, а сега една од популарните сестри Кардашијан одлучила да се повлече.
Кортни Кардашијан (40), најстарата членка на Кардашијан - Џенер, повеќе нема да ги споделува деталите од својот живот со милионскиот аудиториум.
Како што јавуваат светските медиуми, Кортни тоа го соопштила во текот на гостувањето на една телевизиска емисија, а не криела и поради што се одлучила на тоа.
„Одлучив повеќе време да поминувам со моите деца и да им надополнам за сè она што го пропуштивме заедно“ - искрено рекла Кортни.
„Во новата, 18-та сезона повторно ќе ви додевам, а потоа може да се збогуваме“ - додала таа.
Кога ријалити шоуто почнало да се емитува, во далечната 2007 година, Кортни била слободна девојка, без обврски, а денес е мајка на три деца. Кортни дури на авторите од ова ријалити шоу им дозволила да присуствуваат со камерите во текот на едно нејзино породување и отсекогаш била подеднакво присутна на телевизија како и нејзините сестри поради што американската јавност била изненадена од оваа нејзина одлука.