Морничава вистина за популарниот хит кој сите го пееме: “Свиреле додека луѓето покрај нив биле убивани“

Точка

08/11/2019

19:42

2.711

Големина на фонт

а а а

“Dance me to your beauty with a burning violin“ ја претставува убавината на живеењето, крајот на ова постоење и крај на страста во нашата екгзистенција.

Канадскиот кантавтор Леонард Коен, е еден од најценетите музичари на 20-от век со голем опус и фасцинантна животна приказна.

Роден е во Монтреал во еврејско семејство, а таму и пораснал. Мајка му била по потекло од Литванија, а семејството на неговиот татко од Полска. Низ неговиот живот тој ги проучувал и другите религии па пет години ги проживеал на будистички начин и зборувал дека му се допаѓа “универзалната фигура на Исус Христос кој е најдобриот човек кој некогаш одел по Земјата“. Но, никогаш не се откажал од јудаизмот.

„Мојот пријател Брајан Џонсон изјави дека никогаш не сум слушнал за религија која не ми се допаѓала. Затоа се обидов да го поправам тоа влијание да барам нова религија покрај јудаизмот. Дел од таа традиција и ја практикувам верата“ - изјавил Коен.

Една од неговите песни која на сите им е позната исклучиво како љубовна песна е инспирирана од холокаустот, односно од сцените на контроверзните логори. Станува збор за песната “Dance Me To The End Of Love“ од 1984-та година.


„Интересно е како песните почнуваат затоа што во с'ржта на песната постои семе кое некој ти го дал или пак си го позајмил од светот. Затоа процесот на пишување на песни е толку многу мистериозен. Оваа песна била создадена од сознанието дека некои од логорите покрај крематориуми имале и гудачки квартети. Таму луѓето биле присилувани да свират додека покрај нив се одвивал хорор, а и неговата судбина била иста. Свиреле класична музика додека останатите затвореници биле убивани и спалувани“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг