Ова е жената која го преживеала Аушвиц - добива по 200 закани дневно и постојано ја чува полиција

Точка

08/11/2019

19:12

4.166

Големина на фонт

а а а

Лилијана Сегре, е една од 25-те деца помлади од 14 години која ја преживеала депортацијата во Аушвиц. Подоцна била префрлена во Малчов откаде што била ослободена на 1-ви мај 1945-та година.

82-годишната жена која го преживеала Аушвиц сега е под полициска заштита откако почнала да добива по 200 закани на ден.

Лилијана Сегре, која имала само 13 години кога била депортирана во Аушвиц е доживотна сенаторка која го предводела создавањето на италијанскиот парламентарен одбор против омраза, расизам и антисеминизам, пишуваат од Си-ен-ен.


Неодамна по пат на социјалите мрежи почнала да добива по 200 закани или агресивни, вербални напади дневно, соопштиле од центарот “The Centro di Documentazione Ebraica Contemporanea“ со седиште во Милано, Италија.

„Секојпат кога угледните Евреи ќе дојдат во центар на медиумското внимание во Италија изложени се на антисемитски напади на социјалните мрежи“ - изјавил Стефано Гати од CDEC.




Спонзорирани линкови

Маркетинг