Русите доаѓаат на прослава во Берлин: На 30-годишнината од рушењето на Берлинскиот ѕид покани пратени и во Русија

Точка

08/11/2019

15:28

1.810

Големина на фонт

а а а

Германските власти пратиле покани до Русија да учествува во прославата по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, рекла портпаролката на германското министерство за надворешни работи , Марија Адебар.

"Поканите се пратени, ќе има и претставници од Русија", рекла Адебар. 

Германија утре ќе прослави 30 години од падот на Берлинскиот ѕид.

Берлинскиот ѕид, виден како симбол на Студената војна, бил изграден во 1961-ва година, на иницијатива на источногерманскиот лидер Валтер Улбрихт, по одливот на работната сила во западна Германија.

Според некои проценки, околу 1,6 милиони луѓе побегнале од Источна Германија до раните 1960-ти години. Ѕидот постоел до 1989-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг