Боки 13, Јанева и Милевски седнуваат на обвинителна клупа за „Рекет“

Макфакс

08/11/2019

14:37

1.757

Големина на фонт

а а а

Судот им ги отфрли сите приговори на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и во целост го одобри обвинението за предметот „Рекет“.

„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решение со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопшти судот. 

Предметот ќе биде распределен кај судија, по што ќе биде закажано и првото рочиште.

Случајот „Рекет“, Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скопје, а Зоран Милески-Кичеец со одлука на судот беше префрлен во домашен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг