Истражувањата покажуваат дека оваа намирница го намалува ризикот од развој на рак на белите дробови

Точка

08/11/2019

14:32

3.916

Големина на фонт

а а а

Консумирањето на јогурт и намирници кои се богати со хранливи влакна се поврзуваат со намален ризик од развој на рак на белите дробови, покажале резултатите од новото американско истражување.

Научниците потсетуваат дека намирниците кои се богати со хранливи влакна и јогуртот имаат големо влијание на здравјето кога станува збор за кардиоваскуларните болести и карцином на дигестивниот систем.

Новото откритие се темели на анализи од податоци кои опфатиле 1.4 милиони возрасни луѓе од САД и од европските и азиските земји. Тие упатуваат на тоа дека ваквиот вид на исхрана може да влијае на спречување на развојот на рак на белите дробови.


Учесниците во истражувањето биле поделени во две групи, во зависност од количината на хранливите влакна и јогурт кој го консумирале. Кај оние кои консумирале најмногу од споменатите намирници воочен бил 33 отсто помал ризик од развој на карцином на белите дробови во споредба со групата на луѓе кои не консумирале јогурт ниту пак намирници кои се богати со хранливи влакна.

„Нашето истражување дава силни докази според кои се препорачува луѓето да консумираат храна која е богата со хранливи влакна и секако - јогурт“ - изјавила една од авторките на истражувањто, д-р Сјао Шу која се занимава со истражување на рак.


„Таа поврзаност ја забележавме меѓу актуелните и поранешни пушачи, но и кај луѓето кои никогаш не пушеле цигари“ - додала таа.

Шу истакнала дека за ова позитивно влијание на хранливите влакна и јогуртот на здравјето одговорни се пробиотичките својства на самите намирници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг