Први фотографии: Погледнете како ќе изгледа внатрешноста на новата Октавиа

Точка

07/11/2019

19:35

3.852

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи денес се појавија првите фотографии од внатрешноста на новата генерација на Шкода Октавиа.

Веќе подолго време Шкода суптилно открива детали во врска со новата, четврта генерација на Октавиа. Чешкиот адут во „Ц“ сегментот досега бележи одлични резултати и нема причини и новиот адут да биде вистински хит на пазарот, посебно во Европа.

На фотографиите кои се појавија денес на социјалните мрежи од внатрешноста на четвртата генерација на Октавиа, може да се заклучи дека голем број на стилски елементи се преземени од новата Скала.


Дигитализацијата станува се попопуларна кај Фолксваген групацијата, па така и Октавиа доби дигитална инструментална табла, но за разлика од Скала, тука има и повеќе физички копчиња.


Инаку, сите информации за новата генерација на асот на Шкода ќе ги добиеме на 11-ти ноември кога е закажано официјалното претставување на овој модел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг