Сечкањето на кромидот можеби е една од најмачните работи кои ги правите во кујната. На интернет може да најдете мноштво совети како да го спречите солзењето на очите, а овие три можеби се најефикасни.
Иако можеби ви звучи смешно поради некој досега чуден начин ова сепак функционира. Сè што треба да направите е да загризете парче леб и така да го држите цело време додека го сечете кромидот. Очите воопшто нема да ви солзат.
Излупете го кромидот и ставете го во сад со вода десеттина минути. Кога ќе го сечете очите нема да ви пуштат ниту една солза.
Единствената маана на овој трик е тоа што кромидот ќе биде топол, но резултатот е неверојатен. Меѓутоа постои уште еден мал трик - кромидот мора брзо да го исечкате додека е топол затоа што штом се излади очите повторно ќе почнат да ви солзат.