Возач на „Дурмо Турс“ открива: Автобусот имаше манипулатор за брзината и шефот знаеше за тоа!

Точка

06/11/2019

15:36

3.345

Големина на фонт

а а а

Денес продолжи сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за тешката автобуска несреќа во која на 13-ти февруари оваа година од автопатот Скопје - Тетово излета автобус на „Дурмо Турс“, при што загинаа 16 патници.

Меѓу сведоците беше еден од возачите на компанијата, Џемаил Салии кој призна дека автобусите имале вграден манипулатор за брзината кој возачите го вклучувале на автопат кога се возело побрзо од ограничената брзина.

„Манипулаторот беше сместен од лева страна на шал таблата, не се сеќавам кога бил вграден, мене не ми требаше. Имаше прекинувач за возачот да може во секое време да го вклучи и исклучи манипулаторот на брзината“, изјави Салии кој откри дека таков манипулатор имало и во друг автобус на „Дурмо Турс“.

Обвинителот Дарко Јакимовски го праша сведокот Салии дали таков манипулатор можел да се постави без за тоа да знае обвинетиот шеф на возниот парк Ремзи Мифтари, но таквото прашање судот не го дозволи затоа што истиот сведок предходно изјавил дека „ниту гума не може да се смени без Ремзи да го знае тоа“.


Обвинителот Јакимовски побара да биде прочитана изјавата на истиот сведок која ја дал при сослушувањето во Обвинителството.

Меѓу другото, Салии пред обвинител изјавил дека „шефот Ремзи Мифтари знаел дека се манипулира со брзината, а системот се вклучувал на автопат кога се возело побрзо“, а исто така и додал дека „Автобусите на технички преглед ги носи Ремзи, тој одлучувал за поправки и тој бил одговорен за тахографите“.

Од прашањата на обвинителот и одговорите на возачот на „Дурмо Турс“ може да се заклучи дека имало бројни неправилности во работата на компанијата. Возачите за еден ден добивале по еден патен налог и наместо посебни, имале заедничка тапографска лента која самите ја пополнувале.

Во автобуската несреќа во која автобус на „Дурмо Турс“ излета во близина на селото Ласкарци и се преврти, загинаа 16 патници, а 37 беа тешко повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг