Двајца претседатели - два различни света: Уште се памети како Обама зборува за смртта на Бин Ладен, а сега сите го споредуваат со говорот на Трамп за Багдади и умираат од смеење

Точка

31/10/2019

17:52

4.494

Големина на фонт

а а а

Веќе ни е познато дека секогаш кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе се огласи, мора да изјави нешто бомбастично и многумина му го забележуваат тоа што не е претерано елоквентен, а ни суптилен.

Целосна спротивност на Обама, неговиот претходник. 

Двајцата во текот на своите мандати имаа важни моменти кога станува збор за пресметката со терористите. Обама на американскиот народ му соопштил дека е убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а слично нешто се случило и овие денови кога Трамп зборувал за ликвидацијата над лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал Багдади.

Сепак, реториката на овие претседатели значајно се разликува, што било повод за многу анализи, а со тоа се позанимавале дури и комичните програми.

Имено, пред осум години, Обама за смртта на Бин Ладен зборувал девет и пол минути.

Од друга страта, Трамп го започнал обраќањето во јавноста во стил на боксер кој на промоција на меч зборува за својот противник, правејќи долги паузи во текот на изговарањето на слоговите од името на Ал Багдади, по што зборувал и за својата желба да го уапси од почетокот на својот мандат во Белата куќа. Трамп го трошел времето, често користејќи смешни метафори дополнувајќи ги со непотребни гестикулации, кои дополнително ги зачинил со описите на акцијата за влегувањето на американските трупи во куќата на Ал Багдади.

За разлика од Обама, кој во неколку реченици го опишал фаќањето и на крајот и убивањето на Бин Ладен, Трамп тоа го направил на свој начин: Абу...Бакр...Ал...Багдади...е мртов! Имаше многу пукање, се блескаше, дури и мораа војниците да ја скршат вратата, не можеа да влезат нормално. Знаете, ако сте нормална личност, велите "чук, чук, дали можеме да влеземе" и ве пуштаат, но не. Моравме да го уништиме влезот, имаа прекрасна куќа која војниците ја уништија, и при користењето на експлозив, тие загинаа. Тој умре (Ал Багдади) како куче! Како прекрасна куче, и не преземам заслуги за ова, како што никогаш не сум преземал. И ќе напишам книга за ова", ова е само еден дел од неговото излагање од 48 минути.

Обама не бил толку сликовит. Тој на многу сериозен, мирен и официјален начин се занимавал како со акцијата за апсење, самото убиство и со тоа што ја чека Америка и светот по смртта на Бин Ладен. Како што некои комичари рекле на шега, сосема стерилно и без некои забавни ноти за на гледачите да им се допадне настапот.

Потсетуваме, Трамп во средата успеал да ја забавува јавноста и со фотографијата од кучето кое наводно го одликува, но се воспоставило дека се работи за фотомонтажа.

Судејќи по скандалите, гафовите и неговото пишување на Твитер, се стекнува впечаток дека таквиот модел на однесување станал заштитен знак на Доналд Трамп. Вистина е дека и претходно така се однесувал, меѓутоа, кога станал претседател, од него се очекувало своето однесување да го прилагоди на функцијата која ја врши.