МВР распиша меѓународна потерница по Игор Спасов

Точка

29/10/2019

21:07

2.555

Големина на фонт

а а а

МВР распиша меѓународна потерница по Игор Спасов, еден ден по распишување на национална потерница.

Спасов на 18-ти октомври требало самиот да се врати во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната, но тој не ја поминал затворската капија.  

Одлуката следи по ден откако беше распишана национална потерница и по сè погласните шпекулации дека поранешниот специјалец најверојатно ја напуштил земјава.

Игор Спасов дури вчера се најде на листата побегнати криминалци кои се бараат само во Македонија. Според информации на „ТВ24“, МВР попладнево повторно го информирало судот дека поранешниот специјалец не е пронајден, по што е испратено и барање за да се распише меѓународна потерница.

Игор Спасов е осуден на 14 години затворска казна за убиството на Мартин Нешковски, кое се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Од 14 години, тој одлежа половина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг