Актерката нападната поради искажаните симпатии кон убиениот лидер на Исламската држава

Точка

29/10/2019

21:31

5.771

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис е позната по своите либерални ставови, а сега е во центар на вниманието на јавноста.

Таа го нападнала американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој објави вест дека лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади е убиен. 

Кертис на социјалната мрежа Твитер објавила порака која порталот “RT” ја гледа како одраз на симпатии кон терористот.

##https://twitter.com/james14_tony/status/1188858897534197763##

“Сите живи суштества страдаат кога ќе ги кренете во воздух... Секој кој бил во војна и искусил напад, за разлика од вас (му се обратила на Трамп), би бил запознаен со тоа. Војната е брутална”, напишала актерката, реагирајќи на твитовите на претседателот за Багдади.

Многумина на Твитер останале збунети, но и лути што Џејми Ли Кертис почувствувала потреба да го сврти вниманието кон страдањето на Багдади, со оглед на тоа што поранешниот лидер на Исламската држава бил одговорен за нанесување на многу болка, но и одземање на многу човечки животи.

Секако, поддржувачите на Трамп застанале во негова одбрана:

“Трамп го направи тоа, тој го победи Багдади”, е еден од коментарите.

Друг корисник на оваа социјална мрежа напишал дека актерката всушност покажува чувство на симпатии кон “човекот кој е одговорен за смрт на илјадници луѓе и тоа сè поради презирот кон Трамп”.

Американскиот претседател во неделата изјави дека лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади е мртов и дека операциите ги спровела Америка, која долго го барала. Тој истакна и дека американската воена операција во која е убиен лидерот е позначајна од онаа во која беше убиен Осама Бин Ладен во 2011 година, во текот на владеењето на Обама.