(+18) Овој бејзбол играч не знаел што го снашло: Во моментот кога требало да ја удри топката, двете навивачки ги кренале маиците и му ги покажале голите гради

Точка

28/10/2019

19:23

18.514

Големина на фонт

а а а

Две навивачки добиле доживотна забрана за влез на стадион поради инцидентот кој го предизвикале на меч на најквалитетната бејзбол лига на светот.

Имено, во текот на мечот во преносот кој бил емитуван во живо и кој го следел милионски аудиториум, двете девојки ги покажале своите голи гради, а видеото, секако, со голема брзина станало вирално на социјалните мрежи. 

Неколку часа подоцна било откриено за кои девојки станува збор – едната е Јулија Роуз и е уредничка на едно списание, а другата е моделот Лорен Самер. Тие две не се покајале поради овој потег, токму спротивното – гордо ја објавиле снимката и на своите профили.

Поради своето недолично однесување на мечот, лигата им забранила на девојките да присуствуваат на сите натпревари.

“Во текот на мечот ги прекршивте правилата, прикажувајќи се себеси во цел за промоција на работата. Ви се изрекува забрана за присуство на сите стадиони”, стои во соопштението од МЛБ.

Двете девојки се многу популарни на Инстаграм, а погледнете и зошто:




Спонзорирани линкови

Маркетинг