Која е сумата која по сцена ја добиваат ѕвездите од филмовите за возрасни?

Точка

25/04/2024

16:48

99.468

Големина на фонт

а а а

Ѕвездите на филмовите за возрасни зборуваат за тоа колку се платени во индустријата. Индустријата за филмови за возрасни продолжува да предизвикува поделени мислења, поради што многумина од актерите проговориле за нивните искуства.

Некои ја пофалиле индустријата, додека други укажале на недостатоците на овој бизнис. Во тие разговори, платите биле дел од работите за кои зборувале.


Зависно од тоа што се снима

Стивен Хирш, потпретседател на компанијата за забава за возрасни „Vivid Entertainment“, за „CNBC“ изјавил дека девојките заработуваат повеќе пари кога првпат влегуваат во индустријата бидејќи се нови. Меѓутоа, нивниот понатамошен приход зависи од тоа колку ќе станат популарни. Според „CNBC“, просечна актерка во индустријата е платена помеѓу 800 и 1.000 долари за „традиционална секс сцена помеѓу маж и жена“.


Оние кои не се барани во индустријата и не се популарни, платени се помалку, додека популарните актери по сцена можат да наплатат 1.500, па дури и 2.000 долари.

Дерек Хеј, основач на агенцијата за таленти „LA Direct Models“, зборувал како видел дека на актерите се нудат помеѓу 2.000 и 6.000 долари по сцена, доколку станува збор за нешто што никогаш дотогаш го немаат направено.

Платите кај мажите се разликуваат

Разликата во платите може да биде поголема кога се мажите во прашање. „CNBC“ известува дека мажите обично добиваат 500-6 — долари по сцена, некогаш и по ден. Доколку се малку попознати, би можеле да добијат 700-900 долари.

Порноактерката Валентина Напи за „VICE“ изјавила дека заработила 1.140 долари за „едноставна хетеросексуална сцена“ кога првпат се доселила во САД, бидејќи тогаш била веќе доста позната.


Од друга страна, порно актерот Лука Фереро изјавил дека во Европа мажите просечно заработуваат 533 долари по сцена.

„Не мислам дека ѕвездите за возрасни заработуваат толку пари колку што мисли јавноста. Мислам дека не постои никој, дури ни најголемите ѕвезди, кои заработуваат повеќе од половина милион годишно, но, доколку некои од врвните ѕвезди заработуваат од 300.000 до 400.000 долари годишно, според перцепцијата на повеќето луѓе тоа сепак сè уште би било огромна сума на пари“, заклучил Дерек Хеј.