Ликвидиран и Абу ал Хасан ал Мухаџир, десна рака на Багдади

Макфакс

28/10/2019

11:11

1.394

Големина на фонт

а а а

Курдската милиција во Сирија, Единицата за народна заштита, објави дека е убиен и портпаролот на Исламска држава, во заедничка акција со американските и силите предводени од Курдите на северот од Сирија.

Како што се наведува, убиен е Абу ал Хасан ал Мухаџир, за кого се вели дека бил десна рака на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, пренесува Ројтерс.

Сириските демократски сили соопштија дека целта ја гаѓале во близина на сириското погранично место Џараблус, на основа на разузнавачки податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ, Мазлум Абди рекол дека се работи за продолжување на претходната операција, во која беше убиен лидерот на Исламска држава.

Абди, портпаролот Музхаџор го нарече „десна рака“ на Багдади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг