Трипуновски: Како во најцрните времиња на комунизмот, оклопни возила спречуваа земјоделски протест

Макфакс

27/10/2019

15:07

1.771

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев и СДСМ со специјалци и борбени оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест, како во најцрните времиња на комунизмот, изјави на прес-конференција, Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека земјоделците во моментов го живеат најцрниот период во 29 години самостојна македонска држава.

„Големиот одзив, и покрај полициските сили и притисоци на Заев и Спасовски покажуваат колку е тешка маката на македонските земјоделци. Субвенциите не стигаат до крајниот земјоделец, а целиот сегмент е во рацете на локални моќници кои печалат на маката и трудот на работливите земјоделци. Но Земјоделците го кренаа гласот и нема назад“, посочи претставникот на опозициската партија.

Според наго, Заев вчера и наредил на полицијата на Спасовски да ги спречи земјоделците да го изразат својот револт.

„Да погледнеме видео од вчерашниот протест од кое јасно се гледа како Заев им се закануваше на земјоделците со специјалци наоружани до заби. Со цел да ги исплаши и спречи мирно да протестираат пред Владата“, рече на прес-конференцијата Трипуновски и додаде дека од МВР вчера прекршиле член од Уставот кој гарантира право на протест.

„Само тоталитарни режими се обидуваат со сила да го замолчат народот. Од вчера власта на Зоран Заев и официјално е тоталитарна“, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека на 12. април ниту специјаци, ниту оклопни возила нема да ја спасат власта од пораз на изборите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг