Гутереш: Време е за сериозни разговори за ставање крај на војната во Сирија

Макфакс

26/10/2019

12:43

924

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја.

Пред новинарите во Њујорк тој порача дека политичкиот процес сега е позначаен од кога било претходно. „ОН сега се целосно уверени дека комитетот за изработка на предлог Уставот на Сирија, чиј прв состанок е закажан за следната недела во Женева, ќе почне со работа и прв чекор ќе му биде изнаоѓањето политичко решение“, рече тој и додаде дека се надеваат оти тоа ќе води кон затворање на ова трагично поглавје во животот на жителите на Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг