Соиграч на Несторовски ќе биде првото засилување за Пиоли во Милан

Дерби

25/10/2019

13:15

1.029

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат добро упатени извори од Италија, од редовите на Милан веќе го пикирале првото засилување за јануарскиот преоден рок.

Имено, поранешниот прв човек на Јувентус, Лучијано Моџи од свои извори потврди дека Милан во јануари ќе тргне по Родриго Де Паул од Удинезе.

25 годишниот напаѓач неодамна го продолжи договорот со Удинезе и токму затоа „росонерите“ ќе треба да издвојат поголема сума за да го донесат во своите редови. Се шпекулира дека Аргентинецот ќе пристигне за околу 30 милиони евра.

– Де Паул уште летоска требаше да потпише за Милан, но од многу причини тоа не се случи. Сега, колку што разбрав обновени се преговорите и тој сигурно ќе заврши во Милан. Тој е играч кој им е потребен, - изјави Моџи за „7 Gold“.

Инаку, во јануари се очекува таборот на Милан да го напушти шпанскиот офанзивец, Сусо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг