Сколс смета дека играчот кој е „замрзнат“ од Емери, може да го подобри Манчестер Јунајтед

Дерби

25/10/2019

13:12

1.027

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс беше гостин во студиото на „БТ Спорт“ и по натпреварот со Партизан кој Манчестер Јунајтед го доби со минимални 1:0 го посочи името на играчот кој би можел да биде решение за позицијата број 10.

Имено, Сколс го посочи германскиот фудбалер Месут Озил како идеално краткорочно решение за тимот на Јунајтед. Озил веќе трет натпревар е „замрзнат“ од Унаи Емери, и лесно може да се случи во јануари да побара промена на средината.

– Не можам да разберам зошто е таква ситуацијата на Озил во Арсенал. Мислам дека тој е играч кој може одлично да го поврзи тимот. Има одличен квалитет, тоа го покажа во својата кариера и мислам дека може да биде решение за Манчестер Јунајтед на краткорочна основа. Не верувам дека тоа ќе се случи, но тој е играч кој би успеал во Јунајтед во моментов, - истакна Сколс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг