Солскјер со интересен заклучок по гостувањето во Белград: Пронајдовме нов бек, добивме лав во тимот!

Дерби

25/10/2019

11:44

1.096

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед со подмладен состав истрча на теренот во Белград, а во натпревар во кој тимот на Оле Гунар Солскјер не брилјираше премногу, успеа да ја оствари зацртаната цел и да ги освои трите бода на „жешкиот“ терен во српската престолнина.

Како одлучувачки се покажа голот на Антони Марсијал од пенал во првото полувреме, момент кој му овозможи на менаџерот на Јунајтед да ја продолжи позитивната серија во Лига Европа, натпреварување во кое сега за сега има дава шанса и на многу млади играчи. Вчера двајца младинци беа во стартната постава, а Оле остана посебно воодушевен од левиот бек Брендон Вилијамс кого го нарече лав од кој многу очекува во блиска иднина.

– Пронајдовме нов бек, нова опција на левата страна. Брендон беше играч на мечот, беше фантастичен и играше без страв. Беше храбар како лав и не однесе до победата. Добивме лав во тимот и сигурен сум дека ќе стане топ играч. Неговиот однос на теренот беше неверојатен, неговата посветеност е вредна за носење на овој дрес. Ова момче ќе биде топ играч, – потенцираше Солскјер по гостувањето во Белград



Спонзорирани линкови

Маркетинг