Ердоган повторно се закани: Кога им велам дека ќе ја отворам вратата за бегалците, тие збеснуваат

Точка

25/10/2019

08:45

3.956

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно во четвртокот им се закани на европските држави дека ќе ги отвори границите и ќе ги пушти сириските бегалци да тргнат кон Европа.

„Кога велам дека ќе ја отворам вратата, тие едноставно збеснуваат. Не се грижите, ќе дојде и тој ден кога вратата ќе биде отворена. Ајде, вие грижете се за стотина илјади мигранти“, изјави Реџеп Таип Ердоган кој додаде дека во Турција се наоѓаат четири милиони бегалци.

„Ако некој смета дека турската хуманитарна политика слаба, брзо ќе возвратиме со челична тупаница“, изјави Ердоган.

Турција на 9-ти октомври започна воена офанзива на северот на Сирија со цел на тоа подрачје долж турско-сириската граница да биде воспоставена безбедносна зона во која би се вратиле бегалците.

Сепак, станува збор за воена агресија која ги прекршува сите меѓународни закони и го повредува сирискиот суверенитет и територијален интегритет, а досега се проценува дека како последица на офанзивата, загинати се стотици курдски цивили и над 300 илјади се раселени.

Пратениците на Европскиот парламент остро ја осудија турската воена интервенција на северот на Сирија и ја повикаа Турција веднаш да ги повлече своите сили од сириската територија.

Во резолуцијата која беше усвоена во текот на вчерашниот ден, европските пратеници го повикаа Европскиот совет да воведе низа на санкции и забрана за издавање на визи на турските функционери одговорни за прекршувањето на човековите права, како и да го разгледа воведувањето на економски мерки против Турција.

Пратениците на Европскиот парламент исто така предлагаат да се суспендираат сите трговски преференции во договорот за земјоделски производи и како крајно средство да биде суспендирана царинската унија помеѓу Европската унија и Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг