Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

Макфакс

08/05/2024

19:14

306

Големина на фонт

а а а

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни со проблеми, им се ускратува правото на глас на луѓе, додека починати лица сеуште стојат на списоците. Луѓе со постојано живеалиште во Македонија се пронајдени на списоците за дијаспората“, реагират од Левица.

Според нив, изборниот молк речиси да не важел за никој освен за Левица.

Нагласуваат дека во неколку општини и избирачки места гласањето почнало подоцна, додека рекламен материјал пред ИМ бил забележан во Кичевско, Чаир и Бутел.

„Луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на наши активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршат притисок врз наши членови и на наши модератори им се закануваат со откази после изборите.

Очекуваме да продолжат овие нерегуларности и недостатоци. Левица освен што ја менува политичката култура, се покажува и како фактор на демократизација на процесите”, нагласуваат од оваа партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг