Сколс знае каде Јунајтед треба да се засили

Дерби

25/10/2019

08:55

978

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс по завршувањето на играчката кариера редовно ги прати и коментира сите фудбалски настани, а особено атрактивни за јавноста се оние анализи за неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Јунајтед се мачи и во оваа сезона, но според Сколс треба да му се даде простор и да му се верува на норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер. Големиот борец верува дека трите летни засилувања се погодок за клубот, а воедно посочи во кои делови Јунајтед мора да се подобри, поточно донесе нови играчи.

-Мислам дека тие се тим кој игра многу на контри ако ја погледнете брзината на Џејмс и Рашфорд. Ако го оцените досегашниот дел од сезоната, 14 место се кажува. Ама ние мора да веруваме во она што го прави Оле, тој е на почетокот на обновата на екипата. Неговите три засилувања Мегваер, Ван Бисака и Џејмс се добри. Има дуели на кои сметате оти ни се потребни пет-шест играчи. Потоа го гледате мечот со Ливерпул и размислувате, можеби тоа се само две или три. Мислам дека се во напаѓачката линија. Проблем е тоа што немаме докажана „деветка“. Можеби и „десетка“, креативен играч исто така. Збунувачки е во моментов, ама јас се уште имам верба. Направи три добри трансфери, па оставете го да продолжи и да добие уште неколку, -порача Сколс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг