Инцидент на Хумска: Гробар истрчал на стазата и го тргнал знамето на навивачите на Манчестер Јунајтед

Точка

24/10/2019

19:48

2.615

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Партизан извеле “акција“ пред натпреварот против Црвените Ѓаволи.

Пред натпреварот во Хумска дошло до инцидент кога еден од навивачите на Партизан се затрчал по атлетската стаза, потоа се приближил до секторот на кој се сместени навивачите на Манчестер Јунајтед и од оградата го тргнал нивното знаме.

Навивачите на Манчестер Јунајтед не очекувале ваква “акција“ од Гробарите па се оддалечиле од своите знамиња.


Кога го однел знамето на својата трибина, дочекан бил со аплаузи и делириум од остатокот од стадионите.

Станува збор за знамето кое е обележано на фотографијата.

Навивачите на Јунајтед набрзо ги тргнале и знамињата кои биле најблиску до северната трибина на која пишува „Man United The Reliogion“. 

Видеото може да го погледнете тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг