Исланд го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Макфакс

24/10/2019

19:05

2.600

Големина на фонт

а а а

Исланд денеска го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на „Фејсбук“.

„Благодариме Исланд. Уште еден доказ за нашата успешна надворешна политика. Денеска парлементот на Исланд, го ратификуваше протоколот за членството во НАТО, за Северна Македонија“, напиша Николовски.

Со оваа ратификација, додава тој, 28 од 29 земји членки ја завршиле постапката за ратификацијата на протоколот за НАТО односно таа е во крајна фаза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг