Македонија трета на листата на “Lonely Planet” на земји кои треба да се посетат во 2020 година

Точка

24/10/2019

15:45

2.008

Големина на фонт

а а а

“Публиката од сите краеви на светот наредната година ќе ја преплават државата која се граничи со Србија, па ова е веројатно последна прилика непречено да ја запознаеме нејзината убавина”, вака пишуваат српските медиуми за нашата земја.

Македонија се најде на третото место на списокот земји кои треба да се посетат во 2020 година, а листата е формирана врз основа на гласовите на читателите на магазинот “Lonely Planet”. 

Оние кои гласале за Македонија да се најде на списокот ги истакнале гастрономијата и гостопримството на нашата земја, како и културата и богатата историја.

“Бидејќи оваа земја ѝ е многу достапна на Србија, имаме прилика да уживаме во нејзините убавини, а Охридското езеро, националните паркови и планинските рути се прво нешто што би требало да посетите. Како и секој пат кога некоја држава ќе се најде на листата на најдобри туристички дестинации, почнува да се губи нејзината автентичност и понудата почнува да наликува на било која друга понуда. Токму затоа, треба да се искористи приликата и да се посети прекрасната Македонија додека е сè уште олицетворение на Балканот”, наведува српскиот Б92.

Еве ја целосната листа на топ 10 дестинации кои треба да ги посетите во 2020 година:

1. Бутан


2. Англија


3. Македонија


4. Аруба


5. Свазиленд


6. Костарика

7. Холандија

8. Либерија

9. Мароко

10. Уругвај




Спонзорирани линкови

Маркетинг