Франција има нова идеја: Макрон му нуди на Балканот специјално партнерство

Точка

24/10/2019

12:46

13.901

Големина на фонт

а а а

Франција започнала неофицијални дипломатски консултации за на некои земји од западен Балкан наместо полноправно членство да им понуди привилегирано специјално партнерство.

Според овој предлог, на земјите од западен Балкан би им била понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за тивко откажување од полноправно членство. 

Како што пишуваат странски медиуми, Франција се наоѓа под притисок од европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија да започнат преговори, а сите преостанати проблеми потоа да се решаваат во текот на отворањето на пристапните преговори. Се пишува, исто така, дека изборите во Северна Македонија токму од таа причина се закажани за април, за да се види дали ЕУ сепак во март ќе одобри продолжување на пристапниот процес.

На мартовскиот самит би требало да се зборува и за БиХ, под услов до тогаш да се формира власт и да се започнат конкретни чекори за имплементација на препораката од Европската комисија, кои се изречени во Мислењето за кандидатурата на БиХ и Аналитичкиот извештај од мај оваа година.

Потсетуваме, слична понуда Германија пред десетина година и дала на Турција, ветувајќи и привилегирано партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

Инаку, европските медиуми се полни со критики кон Франција, обвинувајќи ја дека со откажувањето за проширување, западен Балкан се турка во рацете на Русија, Турција и Кина.

"Euroobserver", угледен европски магазин, пишува дека Емануел Макрон, претседателот на Франција, "го прекршил ветувањето во желбата да оствари доминација во ЕУ".

"Во чинот на политички вандализам без преседан, Макрон ја уништи политиката која до неодамна беше основна функција на ЕУ, која воедно е и единствена стратегија според нејзините балкански соседи", било нагласено во текстот.

"Balkan Insight" истакнува дека "можеби следната година" на Макрон треба да се гледа како на "цврсто не", нагласувајќи дека Макрон е отворен противник на проширувањето. Агенцијата "Reuters" наведува дека Франција е "изложена на баражен оган од сите страни", истакнувајќи дека нејзиното "не" многумина го гледаат како историска грешка. Германски "Deutsche Welle" нагласува дека ЕУ го оставила Балканот на цедило, предупредувајќи дека Балканот се препушта на Русија, Кина и Турција.

Петер Алтмајер, германски министер за енергетика, во вторникот во Белград се обидел да ја поправи штетата која Франција ја нанела на процесот за проширување, истакнувајќи дека е разочаран и дека Германија ќе се заложува за продолжување на процесот за проширување.

"Во интерес на сите нас е целокупниот западен Балкан да биде во ЕУ", рекол тој.

Во својот последен говор пред Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер рекол дека е разочаран од одлуката за незапочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија.

"Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат пристапни преговори, бидејќи вложија големи напори. Тоа е сериозна грешка, не само поради тие две земји. Во самата срж, тоа е голема грешка затоа што ЕУ прати порака дека не ги исполнува ветувањата. Тоа им праќа порака на сите во светот, и сите помалку ќе ја почитуваат Унијата", рекол тој.

Заев: Идејата на Макрон е неприфатлива

"Нема да прифатиме друга дебата, како на пример за стратешко партнерство, а не за членство. За нашата земја не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ", рекол Заев во интервју за Alsat M и објаснил зошто не е прифатлива идејата на Макрон.

"Ние ќе минеме сигурно седум до осум години во преговори по поглавјата. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако ќе се реформираме одвнатре, а во тоа ќе помогне и пристапниот процес и затворањето на поглавјето", рекол тој.

Предупредувањето на Јункер

Жан Клод Јункер предупредил дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека сама мора да се бори против национализмот.

Оценил дека најголем европски успех и најголем тековен факт е во Европа да се зачува мирот.

"Што е иднината на Европа? Ние сме најмалиот континент. Повеќето Европејци тоа воопшто не го знаат. Ние сме многу мали", рекол Јункер. Тој нагласил дека политиката мора да се поврзе со демографијата и географијата.

"Ние изумираме. Нема да исчезнеме, но ќе бидеме се помалку. На почетокот на 20-тиот век Европејците сочинувале 20 проценти од светската популација. На крајот од овој век од 10 милијарди луѓе на земјата, Европејци ќе има само 4 проценти", предупредил тој.

Европа, според неговите мислења, ќе ја изгуби и економската моќ и за неколку години ниедна европска земја нема да биде членка на Групата седум најразвиени држави, се наведува на сајтот на претседателот на Европската комисија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг