Санчез најави цврст и одлучен одговор за каталонските сепаратисти

Макфакс

24/10/2019

10:30

715

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави дека каталонските сепаратисти, кои планираат во регионалниот Парламент да усвојат декларација за самоопределување ќе наидат на цврст и одлучен одговор од страна на државата, доколку го прекршат законот.

Три партии кои поддржуваат независност на Каталонија, а имаат 70 од 135 места во Парламентот во Барселона, најавија усвојување на декларација, која е во спротивност со одредбите на шпанскиот Врховен и Уставен суд.

Тие во декларацијата, што планираат да ја стават на гласање, прво бараат нов референдум за независност. Иако декларацијата е необврзувачки документ, сепаратистите со неа сакаат да покажат дека не ги признаваат затворските пресуди за деветтемината каталонски претставници поради организирање на референдум во 2017 година и прогласување на република Каталонија.

„Секое лице, кое ќе ја помине границата на законот ќе наиде на цврст и одлучен одговор од демократската држава“, посочи Санчез.

Санчез, кој на 10 ноември го чекаат парламентарни избори, минатата недела ги одби барањата на десницата за воведување на вонредни мерки во Каталонија, како одговор на насилните протести и чекорите преземени од каталонската Влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг