Портрет од чоколадо

Точка

23/10/2019

12:58

3.620

Големина на фонт

а а а

Дека уметноста, ама навистина не познава граници доказ се портретите изработени од чоколадо. Она што е интересно, е тоа портретот се изработува рачно. Чоколадото целосно се јаде - раскажува Љупчо Јовевски од Чоко Харт.

Од какво чоколадо ги изработувате портретите?

- При изработката на портретите и сите останати чоколадни креации, кoристиме исклучиво квалитетно италијанско „Master Martini" чоколадо.

Се цртаат или станува збор за принтови?

- Изработката на портретите е исклучиво рачна. Секој портрет е нацртан рачно и е приказна за себе.

Со какви бои се исцртува портретот?

- Исцртувањето на контурите на портретот го правиме со темно (70% какао) чоколадо. Боењето каде што е потребно го правиме со тоа што во белото чоколадо додаваме капка прехрамбена боја, специјално наменета за чоколадо.

Од каде идејата?

- Од внатре :)

Какви се реакциите?

- Еден од најисполнувачките моменти во работава ни се реакциите на луѓето. Навистина се позитивно изненадени и благодарни. Дел поради квалитетот и изгледот на самиот портрет, дел поради тоа што даваме се од себе на секаков начин да им излеземе во пресрет.

За колку време сликате со чоколадо еден портрет?

- Во зависност од комплексноста и димензиите на самата фотографија. Со подготовките изработката може да потрае од 2 до 5-6 часа. Тоа е времето што нас ни е потребно за да го изработиме. Но, нарачките препорачуваме да бидат потврдени барем два дена однапред за да може да ги постигнеме сите. Примаме нарачки во 5 за 12, ако треба и вон работно време доаѓаме за да си ги подигнат нарачките. Досега ниеден човек не бил одбиен и ниедна желба неисполнета. Луѓето го препознаваат тоа и нивните реакции не исполнуваат.

Кои и за каков повод ги нарачуваат?

- Не би можел да категоризирам. Луѓе од сите возрасти нарачуваат. Било како подарок за своите деца, родители, брачни партнери, колеги пријатели итн. Сите сакаме чоколадо нели?

Иако можам да потенцирам дека генерално девојките се покреативни. Најчесто нарачките се со повод родендени, годишнини од брак, матурски, дипломирања и слично. Но, може да се подари како изненадување без некој посебен повод, особено за љубителите на чоколадо, тогаш мислам дека е најслатко чоколадото.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг