Овој хрватски сладолед е прогласен за најдобар на светот

Точка

22/10/2019

17:06

2.369

Големина на фонт

а а а

Сладоледот „Lino Lada“, кој го произведува хрватскиот „Ledo“, на натпреварот на „International Ice Cream Consortium“ во Шведска е прогласен за најдобар сладолед на светот.

Она што го воодушевило стручното жири од сладоледот е неговата единствена форма и иновативен мек прелив, но и фактот дека намазот „Lino Lada“ успешно е пренесен на сладолед.

„Исклучително сме горди на оваа награда и признание со кое Ledo сладоледот е прогласен за најдобар сладолед на светот според експертите, односно глобалните независни произведувачи на сладолед. Да бидеш најдобар во светот е голема чест, како и обврска и во иднина да продолжиме да произведуваме најквалитетни сладоледи“, рекол Марин Полјак, претседателот на „Ledo“.


Хрватите првпат сладоледот Lino Lada можеле да го пробаат во април оваа година, кога станал еден од најбараните сладоледи на пазарот.

„International Ice Cream Consortium“ е здружение на сите глобални и независни произведувачи на сладолед, чија цел е постојана размена на искуства и стекнување нови знаења преку разни едукации и работилници. Секоја година се одржува самит во една од земјите членки и се доделуваат награди во разни категории. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг