Сакал да се ослободи од бубашвабите, но го дигнал тревникот во воздух - погледнете го хит видеото

Точка

22/10/2019

17:22

3.726

Големина на фонт

а а а

Сите оние кои се соочиле со бубашваби во своите домови, знаат колку е многу тешко да се ослободите од нив. Што и да се обидувате да направите, бубашвабите нема да може толку многу лесто да се исчистат од вашите домови, а тоа добро го знае овој маж со име Цезар Шмит од Бразил во чиј двор се “населиле“ непосакуваните штетници.

Неговата сопруга го молела да го уништи гнездото кое бубашвабите го направиле во нивниот двор во нивната семејна куќа. Цезар купил спреј против бубашваби и го испрскал тунелот под тревата во кој бубашвабите се криеле, но тоа не помогнало туку само ги натерало да излезат на површината. Не знаел повеќе што да прави па одлучил да ги запали. Во дупката во која се наоѓале истурил бензин па фрлил чкорче од ќибрит за да го запали.

##https://twitter.com/klara_sjo/status/1185736701131608069##

Наместо да ја запали само дупката, бензинот во воздух кренал половна од тревникот во дворот. Излетал и столот кој се наоѓал на тревата, а кучињата кои биле во близина, избегале за да најдат засолниште.

Снимката од безбедносните камери се нашла на Твитер и насмеала многумина.

„Би сакал да размислував малку подобро за тоа. Немав поим дека може да се случи нешто такво. За среќа, штетата беше направена само на тревникот“ - изјавил Цезар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг