Тежок удар за Солскјер: Еден од играчите кои му беа топ цели ќе го продолжи договорот со својот клуб

Дерби

22/10/2019

11:49

1.171

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед веќе размислува за тоа кои фудбалери ќе ги ангажира во јануарскиот и во летниот преоден рок.

Јасно е дека клубот ќе претрпи значителна реконструкција, а во јануари и следното лето ќе треба да пристигнат дузина играчи кои ќе треба да го подобрат квалитетот на игра кој е катастрофален оваа сезона.

Еден од играчите кои се споменуваа со трансфер на „Олд Трафорд“ е Џејмс Медисон, 22 годишен фудбалер од Лестер. Англискиот репрезентативец е голема желба на Солскјер, меѓутоа Манчестер Јунајтед веројатно ќе почека за негов ангажман затоа што тој е пред продолжување на соработката со тимот на Лестер.

Не се исклучува можнсота Јунајтед и покрај тоа да тргне по неговите услуги, но сега ќе мора да плати многу повеќе од предвидените 60 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг