Лизгач на емотивен начин му оддал почест на починатиот помлад брат: На крајот од перформансот завршил на колена

Точка

21/10/2019

18:39

1.152

Големина на фонт

а а а

Канадскиот уметнички лизгач Киган Месинг, на многу емотивен начин му оддал почест на неговиот брат кој загинал во сообраќајна несреќа.

Месинг танцувал на мразот со фотографија од својот брат и со тоа ја воодушевил, но и расплакал публиката. 

27-годишниот лизгач на натпреварот во Лас Вегас се појавил на мразот со врамена фотографија од неговиот помлад брат Паксон, ја ставил на средината и почнал да лизга на песната “Here I Am” од Брајан Адамс.

Паксон загинал пред помалку од еден месец кога со својот автомобил се судрил со мотоциклист.

Перформансот, Киган го завршил на колена покрај фотографијата, држејќи ја својата десна рака на срцето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг