Испливале шокантни детали! Принцот Ендру и Епстајн имале оргии заедно на педофилскиот остров: Биле 9 млади жени, ги издала една од жртвите

Точка

21/10/2019

17:20

1.570

Големина на фонт

а а а

Новиот документарец ќе ги преиспита тврдењата дека принцот Ендру се приклучил на оргиите кои ги имал педофилот Џефри Епстајн со девет млади жени, додека една Британка тврди дека Епстајн сакал да "собира луѓе", а дека принцот всушност "му е најголемиот трофеј".

Вирџинија Робертс зборувала за оргиите во судски документи од 2015-та година, кои принцот одлучно ги негирал. 

Меѓутоа, новиот документарец на "Channel 4" сега ги преиспитува судските документи и трага по болнички извештаи од Робертс од времето кога тврди дека е злоставувана.

Прилогот наведува изјава од јануари 2015-та година, како дел од случајот за клевета кој го започнала поранешната девојка на Епстајн, Гизлејн Максвел, во кој таа вели дека "трет пат имала секс со принцот за време на оргиите на приватниот остров на педофилот".

Робертс истакнала дека тогаш имала 18 години и дека околу осум млади девојки учествувале во оргиите.

Таа рекла дека Епстајн се пошегувал дека девојките не може добро да комуницираат поради јазичните бариери и дека "тие се најлесните" девојките со кои може да се согласи.

"Channel 4" од тогаш добил медицинска документација од 9-ти јули 2001-та година, откако претрпела 3 недели вагинално крварење.

Нејзините докази биле отфрлени во мај 2015-та година.

"Принц Ендру беше најголем трофеј на Џефри и оружје кое го користеше за да ја импресионира елитата", тврди Британката Викторија Харви.

Таа додала дека Епстајн, кој се убил во затвор, бил зависен од "собирање на луѓе", како што се членовите на кралското семејство.

"Сакаше да импресионира луѓе. А кога го запозна членот на кралското семејство, знаеше дека тој е неговиот најголем трофеј", рекла таа.

Ендру рекол дека го запознал Епстајн во 1999-та година, во исто време кога имал кратка романса со Викторија. Признал дека долго го познавал педофилот, но одбивал дека имал било какво непримерно однесување со малолетнички.




Спонзорирани линкови

Маркетинг