На Јутјуб се појави досега необјавена песна од Принц – “I Feel For You”

Точка

21/10/2019

17:11

1.564

Големина на фонт

а а а

Сите обожаватели на музиката на легендарниот Принц биле воодушевени кога виделе дека на Јутјуб се нашла негова досега необјавена песна и тоа по повод 40-годишнината од вториот албум на пејачот кој носи едноставен назив – “Prince”.

Акустичната демо снимка на песната “I Feel For You” била објавена во четвртокот на сите стриминг платформи и како лимитирано винил издание со акустичната верзија на песната на А страна и оригиналната студиска снимка на Б страна. 

Снимката настанала помеѓу 1978 и 1979 година, отприлика во време кога Принц се припремал за своето соло деби во театарот Капри во северен Минеаполис, се наведува на веб страницата на пејачот.

Потполно продуцираната студиска снимка на синглот се нашла на албумот “Prince”, објавен на 19-ти октомври 1979 година. Таа го зазела 10-тото место на листата “Billboard Hot 10” во 1984 година, кога Чака Кан ја преработела оваа песна на својот соло албум.

Верзијата на Кан освоила две Греми награди, вклучувајќи и награда за најдобра РНБ песна.

Објавувањето на новата акустична верзија на плочата доаѓа три години по смртта на Принц во април 2016 година од случајно предозирање со опиодниот аналгетик фентанил, пишува “BBC News”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг