Сите зборуваа за магијата на Ди Марија, но претходно голманот на Ница направи чудо од кое застанува здивот

Дерби

21/10/2019

14:46

3.027

Големина на фонт

а а а

Анхел Ди Марија заслужено ги собра аплаузите од светската спортска јавност за тоа што го изведе на мечот со Ница, но бидејќи цела Франција зборуваше за неговиот фасцинантен гол, за жал во сенка остана една бравурозна тројна парада на домашниот голман која мора да се истакна.

Рафаел Бенитез прими четири гола и за ниту еден не беше виновен, но при резултат 0:0, изведе една чудесна тројна интервенција со која демонстрираше завиден рефлекс и неверојатно движење пред гол линијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг