Храмот во кој започнала историјата: Тигровото гнездо на 3.120 метри висина

Точка

21/10/2019

13:05

3.247

Големина на фонт

а а а

Бутан долго време бил мистерија за западниот свет, а денес неговиот храм го посетуваат многумина.

Храмот Тактсанг, попознат и под името Тигрово гнезо, е најпрепознатлива туристичка атракција во Бутан. Овој будистички храм се наоѓа на 3.120 метри висина на раб на карпа од каде се пружа прекрасен поглед на долината Паро. 

Храмот е изграден на место на кое гуруто Падмасембхава наводно слетал и го донел будизмот од Тибет, па затоа не чуди тоа што Тигровото гнездо се смета за најсветото место во оваа јужноазиска земја.

Тактсанг е изграден во 17-тиот век, а во целост бил обновен по големиот пожар во кој биле уништени бројни важни артефакти и слики.

Качувањето до храмот почнува на висина од околу 2.100 метри, до каде може да се дојде со автомобил, а се препорачува одењето да биде одложено се додека организмот не се навикне на специфичните услови во Бутан.

За стрмното искачување, долго околу четири километри, потребни ви се три до пет часа одење, во зависност од физичката подготвеност. И покрај тоа што патот бара многу кондиција, овој храм секоја година го посетуваат голем број на туристи од целиот свет.

Целиот комплекс има девет различни згради, а фотографирањето и снимањето на внатрешноста е строго забрането.




Спонзорирани линкови

Маркетинг