Мурињо прво го испофали Солскјер, а потоа жестоко си поигра со него: Ќе побарам работа како Оле, и ќе зборувам само…

Дерби

21/10/2019

11:12

1.220

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо вчера на „Олд Трафорд“ ја имаше улогата на еден од стручните коментатори на дерби пресметката помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Португалецот прво го испофали неговиот наследник на клупата на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер, за потоа жестоко да го „боцне“ со еден коментар.

Имено, Мурињо истакна дека ќе цели да најде ангажман во тим во кој постојано ќе зборува за иднината, а не за сегашноста, алудирајќи на тоа што го прави Солскјер во моментов по лошите резултати на стартот на сезоната.

– Ќе се обидам да побарам работа како таа на Оле за постојано да зборувам за иднината. Мислам дека тоа е одлична ситуација, тригодишен договор, иднина, млади играчи. Прекрасна работа во гигантски клуб, -изјави Мурињо за „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг