Дриблинг во движење: Најкритикуваниот играч на Милан изрежира магија на „Сан Сиро“

Дерби

21/10/2019

11:00

1.785

Големина на фонт

а а а

Милан не успеа да победи во дебито на Пиоли на клупата на „росонерите“, но покрај искусниот стручњак, посебно разочаран за ремито со Лече сигурно ќе биде Хакан Чалханоглу кој без никаков сомнеж го одигра најдобриот меч во црвено-црниот дрес во ситуација кога беше најкритикуван во последно време.

Играчот за врска имаше перфектна партија, не само поради одличниот гол кој го постигна, туку и поради акцијата која ја изведе при вториот гол на Милан. Чалханоглу со магичен дриблинг во движење ја извади од игра одбраната на Лече, а потоа прецизно асистираше до Пјонтек кој погоди за 2:1.

За негова несреќа, Лече успеа да постигне гол за 2:2 во судиското надополнување, па покрај тоа што беше уништеное дебито на Пиоли, пропадна во вода и неговото најдобро издание во дресот на Милан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг