Ахмети нервозен удри на маса: Ова е срамно за Албанците, Македонците доаѓаат со 2 делегации, а ние со 6

Точка

21/10/2019

11:19

15.966

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети жестоко реагираше во студиото на ТВ21 после лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски каде беа договорени парламентарни избори.

Ахмети беше незадоволен и запраша кој толку ги разединил Албанците за да имаат толку многу политички партии.

Според шефот на Демократската унија за интеграција, на средбата кај претседателот Стево Пендаровски каде што беа повикани сите поголеми политички партии од владеачкиот и опозицискиот блок за да се договорат за нови парламентарни избори, пристигнале 6 делегации на Албанците, наспроти двете на Македонците.

Ахмети смета дека со тоа што Албанците се поделени на повеќе партии, се губи гласот и нервозно удираше по масата во студиото на ТВ21.

„Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации. Срамно е за Албанците, 6 албански делегации се таму, а само 2 македонски, по една од власта и од опозицијата“, нервозно порача Ахмети.

Инаку ова интервју е снимено пред две години, а го реобјави на фејсбук Бујар Османи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг