Драма на море! Девојка 12 часа се борела со бранови: Рибарите слушнале глас од темнината, а кога се доближиле имале што да видат

Точка

21/10/2019

20:54

10.410

Големина на фонт

а а а

Една 18-девојка на Крит паднала во море обидувајќи се да ја дофати торба која паднала во водата.

Околината на Агиос Николаос е карпеста, па тинејџерката се лизнала и паднала во вода, а потоа ја одвлекле силната струја и брановите. 

Повеќе од 12 часа минала во вода борејќи се со брановите.

Двајца рибари ја забележале сосема случајно кога ги слушнале повиците за помош. Биле оддалечени околу 2,5 наутички милји од брегот, го исклучиле моторот и започнале со риболов кога слушнале слаб глас како довикува - "Мамо, мамо!".

Прво мислеле дека гласот доаѓа од брегот, а подоцна дека во близина има некој чамец со бегалци и мигранти.

"Беше многу тешко да се забележи малата глава во темнината, во мрачното море", рекол Гиоргиос Саридакис, еден од рибарите, опишувајќи како успеале да ја пронајдат тинејџерката.

"Звукот на моторот од чамецот го отежнуваше следењето. Не можев да слушнам, па го гасев моторот на секои 10 секунди да не удрам некој со пропелерот", раскажал тој.

Ја барале 15 минути, но конечно ја забележале и ја извлекле од вода.

Девојката во шок состојба била префрлена во болницата во Агиос Николаос. Нејзините родители тој ден ги алармирале властите и ја прогласиле својата ќерка за исчезната.

"Спасувањето на човечки живот е неверојатна работа", рекол Саридакис додавајќи: "Се се случува со причина, тоа се низа настани кои ме однесоа на вистинско место во вистинско време".



Спонзорирани линкови

Маркетинг