Пиоли по дебито во Милан: Страдав од двајцата играчи со кои навикнав да соработувам

Дерби

21/10/2019

09:30

1.523

Големина на фонт

а а а

Стефано Пиоли немаше посакувано деби на клупата на Милан, бидејќи „росонерите“ во два наврати успеаја да испуштат предност во дуелот со жилавиот Лече кој оваа вечер покажа извонредно борбен дух.

Милан изгледаше навистина добро во првото полувреме под водство на новиот тренер, но откако не ги искористи шансите да замине со убедлива предност на паузата, беше јасно дека во вториот дел останува се отворено. Минималната предност од 1:0 која ја обезбеди Чалханоглу беше неутрализирана од Бабакар кој погоди по првичната утка од пенал, а иако Пјонтек погоди за 2:1 на 10 минути пред крајот, во судиското надополнување пристигна шок за фановите на Милан, но и новиот тренер Пиоли.

Проектилот на Калдерони ги згасна надежите на фановите за втора победа во низа во Серија А, сценарио кое секако беше најнеповолно за дебитантот на клупата на Милан.

– Страдав од двајцата играчи со кои навикнав да соработувам, Бабакар и Калдерони. Ова е вистинска штета, но таков е фудбалот. Има многу позитивни работи од овој меч, ја сакавме победата, но не ја осигуравме поради наши грешки. Видов многу добри работи, квалитет меѓу играчите и борбен дух, но кога го оставате мечот отворен, може да добиете непријатно изненадување на крајот. Ова треба да ни биде лекција, треба да научиме од овој натпревар за во иднина, – порача Пиоли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг