Солскјер со дрзок коментар за бесната реакција на Клоп и недосудениот прекршок над Ориги

Дерби

21/10/2019

08:57

2.137

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер го истакна пожртвуваното издание на неговите фудбалери на дербито против Ливерпул, без оглед на тоа што не добија најголема награда за вложениот труд.

Манчестер Јунајтед долго имаше водство благодарение на голот на Маркус Рашфорд, но на пет минути пред крајот потклекна, откако небранетиот Лалана лесно ја спроведе топката во празната мрежа на Де Хеа. По крајот на дербито, Јирген Клоп имаше големи забелешки за ВАР и порача дека голот на Јунајтед не требал да важи поради прекршок над Ориги во почетокот на акцијата на Јунајтед, нешто со што воопшто не се согласува Солскјер.

– Нема шанси, не е возможно тоа да биде прекршок. Ние не играме кошарка, – порача Оле на пресот, кој претходно го пофали судијата Еткинсон.

– Не го правам ова често, но мора да го пофалиме судијата. Мислам дека Еткинсон беше важен дел од дербито, дозволи да се игра, а страста од теренот, се префрли и на трибините. Судијата беше играч на мечот, – истакна Оле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг