Проектилот на Калдерони го расипа дебито на Пиоли на клупата на Милан

Дерби

21/10/2019

08:27

1.477

Големина на фонт

а а а

Милан не успеа да победи на дебито на новиот тренер Стефано Пиоли, откако дуелот со Лече го заврши со резултат 2:2 пред своите навивачи на „Сан Сиро“.

Домаќините доминираа во првото полувреме, предводени од посебно инспирираниот Чалханоглу кој во 20. минута постигна атрактивен гол за водство на „росонерите“.

Тој резултат беше активен се до грешката на Конти кој играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата со помош на ВАР додели пенал за Лече. Донарума го одбрани ударот на Бабакар, но гостинскиот напаѓач реализираше со вториот удар откако топката се врати кај него.

Чалханоглу му асистираше на резервистот Пјонтек во 80. минута за ново водство на Милан и кога домаќините веројатно помислија дека се е завршено, во 92. минута Калдерони испрати проектил кон голот на Донарума и успеа да реализира за голем бод на Лече во Милано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг