Оливер Спасовски ќе биде технички премиер, Заев заминува, Шекеринска извиси

Нетпрес

20/10/2019

21:02

10.193

Големина на фонт

а а а

Оливер Сапсовски, актуелниот министер за внатрешни работи, ќе биде технички премиер од Нова година, на 100 дена од датумот за одржување на предвремени парламентарни избори, дознава НетПрес од извори на лидерската средба.

Иако, изминативе денови, во игра за наследник на Заев беа Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, сепак, министерот за одбрана отпаѓа од комбинација. Заев го предложил Спасовски за технички премиер, кој функцијата треба да ја обавува до датумот за избори.

Според досегашните информации, Заев од премиерската функција заминува околу Нова година, а изборите се планираат за крајот на март или поичетокот на април во година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг