Александар Николоски: Заев е готов, тој е историја!

Нетпрес

20/10/2019

15:40

3.470

Големина на фонт

а а а

„Она што вчера Зоран Заев го кажа, практично го призна тоа што сите го знаат, а тоа е дека е готов, дека е историја, дека е минато и дека останува на најцрните страници на македонската историја“. Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој беше на средба со граѓаните во скопска Гази Баба.

Во врска со денешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски, Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ сака и ќе разговараме за предвремени парламентарни избори.

„Сакаме и ќе разговараме за предвремени парламентарни избори. Тие мора да се случат. Бегање од нив нема. Зоран Заев до пред неколку дена бегаше. После фијаското кое што му се случи и силниот притисок којшто ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите. Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат“, рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг